Мега Лифтови е компанија со над 14 години искуство во областа на монтажа, сервис и одржување на лифтови. Нашиот тим се состои од обучени и лиценцирани техничари кои успешно имаат реализирано голем број проекти низ целата земја – од мали станбени објекти до комплексни деловни и индустриски системи. Нашата цел е да обезбедиме сигурни, ефикасни и модерни решенија кои ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет и безбедност.

Со текот на годините, нашата компанија стекна реноме како сигурен и професионален партнер благодарение на високиот квалитет на изведбата, почитувањето на рокови и индивидуалниот пристап кон секој клиент. Работиме со сертифицирана опрема од светски реномирани производители и строго се придржуваме до сите безбедносни и технички регулативи.

